• понеделник, 23 декември 2024

Спортските натпревари во Грција со зголемен број гледачи

Спортските натпревари во Грција со зголемен број гледачи
Атина, 21 октомври 2021 (МИА) – Националната комисија за јавно здравје на Грција, го прифатила предлогот на надлежното министерство за спорт за зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари во земјата, па така стадионите и спортските сали ќе бидат исполнети до 90 отсто од капацитетот, јави дописничката на МИА од Атина. Новите правила ќе стапат во сила во понеделник, а според најавите, исполнетоста ќе се зголеми од 80 на 90 отсто, односно до 40.000 гледачи наместо 25.000 колку што беше досега, за стадионите и на 12.000 гледачи за затворените сали, доколку постои можност за онлајн издавање билети. Доколку не постои ваква можност, стадионите ќе бидат исполнети со 70 проценти од капацитетот и најмногу 15.000 гледачи, а затворените сали со најмногу 4.000 гледачи. На спортските натпревари во Грција, дозволен е влез само за вакцинирани или за лица кои прележале Ковид-19. ср/

Остани поврзан