Според новинарите купувањето на Твитер е лоша вест
- Професионалните федерации кои ги претставуваат новинарите од целиот свет денеска изразија загриженост дека купувањето на Твитер од страна на милијардерот Илон Маск ќе ја поткопа слободата на
Скопје, 26 април 2022 (МИА) - Професионалните федерации кои ги претставуваат новинарите од целиот свет денеска изразија загриженост дека купувањето на Твитер од страна на милијардерот Илон Маск ќе ја поткопа слободата на медиумите во онлајн платформата.
Маск, кој го купи Твитер за 44 милијарди долари за Твитер, се претставува како „апсолутен поддржувач на слободата на говорот“, што би поттикнало непречена размена на информации меѓу 400-те милиони корисници на мрежата.
Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) истакнаа дека овој потег ќе даде премногу моќ во рацете на еден сопственик и може да им наштети на напорите за спречување на вознемирувањето и дезинформациите.
- Твитер е продолжение на канцелариите на новинарите. Тоа е место каде новинарите ја промовираат својата работа, изразуваат идеи или наоѓаат извори на информации. Овој простор треба правилно да се модерира со почитување на слободата на говорот. Ова е деликатна рамнотежа на која секој сопственик на Твитер треба да обрне внимание. Загрижени сме дека плановите на Илон Маск за Твитер одат во погрешна насока, што ја влошува можноста за напади врз новинари и загрозувајќи ја анонимноста на корисниците, истакна генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Белангер.
Маск истакна дека сака да го прошири системот за проверка на корисници на Твитер, што може да ограничи некои анонимни злоупотреби на платформата, но ќе предизвика загриженост кај ранливите групи кои претпочитаат да го чуваат својот идентитет во тајност. ми/