• вторник, 05 ноември 2024

Спонзорство за дизајнери за меѓународниот натпревар „A’ Design Award & Competition“

Спонзорство за дизајнери за меѓународниот натпревар „A’ Design Award & Competition“
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Амбасадата на Република Северна Македонија во Рим известува за можноста за добивање спонзорство за дизајнери - претставници од нашата земја во натпреварот за дизајн „A’ Design Award & Competition“ во организација на „A’ Design Award“. -Со промовирање на културата, архитектурата и дизајнот на земјите учеснички ќе биде препознаенo и промовиранo најдоброто дизајнерско дело од сите индустрии на земјите учеснички. Организаторот нуди спонзорство за 300 дизајнери од секоја земја, вклучително и од нашата, кои би се натпреварувале во 100 категории – по 3 претставници во секоја категорија, номинирани од Министерството за култура, Министерството за образование и наука и други релевантни институции од Република Северна Македонија, објави МОН. Крајниот рок за пријавување е 28 февруари 2022, а повеќе информации се достапни на интернет-страницата:  https://competition.adesignaward.com/call-for-entries хс/лв/    

Остани поврзан