• сабота, 06 декември 2025

Спомен-обележјето на паднатите борци во НОВ од Малешево доби нов лик

Спомен-обележјето на паднатите борци во НОВ од Малешево доби нов лик
Берово, 24 август 2021 (МИА) - Спомен-обележјето на паднатите борци во НОВ од Малешевијата доби нов лик. Активноста се реализира по иницијатива на Домот на култура „Димитар Беровски“ како дел од одбележувањето на годишнината од ослободувањето на градот.
-Како дел од активностите на општина Берово за зачувување на културното богатство, неминовна беше потребата од реконструкција на спомен-плочата на паднатите борци во НОВ од Малешево. Целта на реконструкцијата на овој споменик е да продолжи грижата за културното наследство и посветено низ работа и труд го потврдуваме заветот што ни го оставија нашите предци, истакнаа од Домот на култура во Берово.
Претходно на иницијатива на беровскиот Совет беше подигнато спомен-обележје на загинати бранители од воениот конфликт во 2001 година.
-Претходно за изградба на овој споменик беше распишан јавен конкурс за изработка на идеен проект за изградба на споменикот со запазување на одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата и програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја, истакнаа од Општина Берово.
Оттаму најавија дека грижата за истакнати поединци преку оддавањее почит за нивниот ангажман во разни сфери од општествениот живот ќе продолжи и во наредниот период. вс/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан