• четврток, 21 ноември 2024

СПМ: Останати се бројни нерешени прашања кои се основ за нови уцени и блокади од страна на јужниот сосед

СПМ: Останати се бројни нерешени прашања кои се основ за нови уцени и блокади од страна на јужниот сосед

Скопје, 13 јуни 2024

 

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека продолжуваат предавничките напади и политики на поранешниот премиер Зоран Заев и грчкиот граѓанин Алексис Ципрас против интересите на народот во Македонија.

Со нивна најава дека се крши духот на Договорот од Преспа овие претставници на најпредавничкиот период за Македонската држава уште ги бранат неодбранливите и срамни понижувања кои токму тие ги создадоа.

Славењето на овој наметнат асиметричен договор на 6 години од неговото потпишување е само доказ дека историјата не го препозна како чин за меѓусебно помирување и градење стабилност во регионот.
Останати се бројни нерешени прашања кои се основ за нови уцени и блокади од страна на јужниот сосед, а евроинтеграцијата станува се подалечна и комплицирана.

Неприфаќањето на писмото и духот на Договорт од народот во Македонија треба да е основ за преиспитување и репреговарање на овој договор во духот на демократска и рамноправна позиција на државите.

Социјалистичката партија на Македонија укажува на штетите од досегашната погубна антимакедонска политика на Заев и СДС со ДУИ и дека никој нема право и мандат да работи против интересите на државата Македонија, а за оставарување на лични лукративни цели за што мора да одговараат.

Социјалистичката партија на Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан