• недела, 22 декември 2024

„Спејс-Икс“ стигна на МВС со новиот екипаж

„Спејс-Икс“ стигна на МВС со новиот екипаж

Хјустон, 3 март 2023 (МИА) - Мисијата „Кру драгон“ на „Спејс-Икс“ со двајца американски астронаути, Русин и космонаут од Обединетите Арапски Емирати стигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Новиот екипаж се приклучи кон МВС рано утрово, по лансирањето од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, на Флорида, вчера. Пристигнувањето беше кусо одложено поради неисправен сензор за приклучување, при што леталото лебдеше на околу 20 метри оддалеченост од МВС, додека софтверската грешка се поправаше.

Инаку, првично планираното полетување во понеделникот беше одложено неколку минути пред лансирањето, поради проблеми со системот за палење.

Во посадата се двајцата Американци Стивен Бовен и Ворен Хобург, Андреј Федјаев од Русија и Султан ал Нијади, испратен од ОАЕ. Тие, како што е предвидено, ќе спроведат повеќе од 200 експерименти и технолошки демонстрации на МВС следниве шест месеци.  си/сд/

Остани поврзан