• четврток, 04 декември 2025

Спенс пред историја да биде прв муслиман во англиската репрезентација

Спенс пред историја да биде прв муслиман во англиската репрезентација


Лондон, 4 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Тотенхем, Џед Спенс, би можел да влезе во историјата како прв муслиман кој ќе настапи во дресот на Англија, објави денеска „Скај Спорт“.
Дваесетипетгодишниот Спенс е меѓу двајцата дебитанти во составот на селекторот Томас Тухел за претстојните мундијалски квалификациски натпревари против Андора и Србија.
„Го видов тоа. Тоа е благослов, неверојатно. Бев изненаден кога слушнав дека сум првиот. Навистина сум без зборови“, рече Спенс.
Одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува притисок што е првиот играч од неговата вера во националниот тим, поранешниот младински репрезентативец на Англија рече: „Можеби да, можеби не. Не чувствувам притисок поради такви работи. Само играм фудбал со насмевка и среќа, а останатото ќе се среди само по себе.“
Дефанзивецот на Тотенхем е важна алка во составот на лондонскиот тим оваа сезона и редовно ја нагласува својата религиозност на социјалните мрежи.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан