Спајиќ: Грногорската влада ги ограничи маржите на над 500 производи
- -Тоа значи дека не само што не се запира растот на цените на тие производи, туку се намалуваат цените на одредени производи. До денеска велевме дека ќе го запреме поскапувањето, а сега зборуваме за намалување на цените. Ја поздравувам и економијата што прифати ваква мерка, рече Спајиќ на прес-конференцијата по седницата на Владата.
Подгорица, 21 март 2024 (МИА) - Црногорската влада на денешната седница донесе одлука за ограничување на маржите на повеќе од 500 производи, соопшти премиерот Милојко Спајиќ.
-Тоа значи дека не само што не се запира растот на цените на тие производи, туку се намалуваат цените на одредени производи. До денеска велевме дека ќе го запреме поскапувањето, а сега зборуваме за намалување на цените. Ја поздравувам и економијата што прифати ваква мерка, рече Спајиќ на прес-конференцијата по седницата на Владата.
Спајиќ најави дека ова е начин да се запре инфлацијата.
Европа сега 2, како што наведе, ќе биде следниот чекор за покревање на животниот стандард во Црна Гора.
-Се надеваме дека тогаш нема да имаме увозна инфлација и се надеваме дека ќе влеземе во период кога нето-стандардот на граѓаните дополнително ќе се зголемува, посочи Спајиќ.сд/
фото:МИА архива