• недела, 22 декември 2024

Спасовски: 2019 беше најдобра година во запленувањето дрога

Спасовски: 2019 беше најдобра година во запленувањето дрога
Скопје, 15 април 2021 (МИА) - За Министерството за внатрешни работи 2019-та беше најдобра година во заплената на дрога, изјави вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при гостувањето во емисијата Клик Плус на ТВ 21. За минатата 2020 година, тој истакна дека службите исклучително добро работеле во битката против трговијата со дрога во периодот септември-декември. - Минатата година за првите три месеци се запленети 14,8 килограми дрога. Во 2021 година 585 килограми заплената дрога во првите три месеци. Во акцијата во Плетвар беше приведен командир на полициската станица. Да, и тоа е успехот на активносите кој што ги преземаме, без разлика кој е. Не е важно на која позиција е кој било, важно е ако погрешил пред законот дека мора да носи одговорност и таа битка да не биде селективна, изјави министерот Спасовски. Зборувајќи на тема за дрогата тој додаде деке МВР постојано и во целиот овој период имаат изворедна соработка и дополнително ја подобрува и зголемува соработката и со државите од регионот и со партнерските служби. - Ако сакате да имате ефикасна борба против криминалот и корупцијата таа пред се се базира на брзо и времено споделување на информации и податоци. Ние сме изворедни партнери во битката против трговијата со дрога и оружје, а соработуваме заедно и со ДЕА, во многу акции, но соработуваме и со други партнерски служби со кој навремено, ефикасно разменуваме податоци и информации се со цел да имаме успеси да имам во тие активности, изјави Спасовски. Воедно, министерот Спасовски, посочи дека има намалување на стапката на криминалитет во поевеќе кривичните дела, пред се кражби и измами. оџ/сп/

Остани поврзан