• вторник, 05 ноември 2024

Спасовски утрово на покана од монсињор Киро Стојанов присуствуваше на вториот ден од Божик - Рождеството Христово

Спасовски утрово на покана од монсињор Киро Стојанов присуствуваше на вториот ден од Божик - Рождеството Христово

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, утрово на покана од монсињор Киро Стојанов, бискуп на Скопската бискупија и Струмичко-скопски епарх за Католиците од Источниот обред на Католичката црква, присуствуваше на вториот ден од Божик - Рождеството Христово, во село Радово во црквата „Свети Пророк Илија”.

Спасовски преку објава на својот фејсбук профил посочува дека со здружени сили можеме да создадеме иднина во која секој граѓанин ќе има еднакви можности за успех и просперитет.

-Силата на нашето заедништво нè води низ предизвиците на секојдневието и нè обединува во вербата во еднаквост, праведност и солидарност. Со здружени сили можеме да создадеме иднина во која секој граѓанин ќе има еднакви можности за успех и просперитет, стои во објавата на Спасовски. ра/аа/

Фото: Оливер Спасовски / Фејсбук профил

Остани поврзан