• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Пораката од Стразбур е мотив сите да работиме заедно во борбата против криминалот и корупцијата

Спасовски: Пораката од Стразбур е мотив сите да работиме заедно во борбата против криминалот и корупцијата

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) – Пораката што денеска се прати од Европскиот суд за човекови права во Стразбур е силна порака, но и мотив сите да работиме заедно во борбата против криминалот и корупцијата, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Ја поздравувам одлуката на Судот во Стразбур. Сметам дека е одлука која покажува дека државата преземала вистински чекори и дека целосно се почитуваат стандардите од Европската конвенција за човекови права. Со неа се потврди работењето на институциите на системот во претходниот период, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на реновираната кујна на Единицата за брзо распоредување во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

За постапките, додаде, не сакам да коментирам бидејќи тие се веќе во судска процедура и не треба да влијаеме на нив.

-Постапките продолжуваат во македонските судски институции, посочи Спасовски.вј/сх/

Остани поврзан