• четврток, 11 јули 2024

Спасовски: Особена чест е да се биде дел од процесите, кои се реализација на визијата на Глигоров

Спасовски: Особена чест е да се биде дел од процесите, кои се реализација на визијата на Глигоров

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на Фејсбук потсети дека на денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.

-На денешен ден е роден Киро Глигоров (1917-2012), прв претседател на независна Македонија. Тој ја негуваше фразата „оаза на мирот". Денес Република Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, во друштво на најбезбедните 36 земји од светот, објави министерот Спасовски. 

Тој нагласи дека е особена чест да се биде дел од процесите, кои ја реализирале визијата на првиот претседател.

-Слава му!, додаде Спасовски. ац/ 

Остани поврзан