• недела, 22 декември 2024

Спасовски на новогодишна дружба со децата на припадниците на САЕ „Тигар“, ЕБР и ЕОП

Спасовски на новогодишна дружба со децата на припадниците на САЕ „Тигар“, ЕБР и ЕОП

Скопје, 30 декември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со шефот на Кабинет Митко Бојмацалиев денеска  поделија пакетчиња во присуство на Дедо Мраз и се  дружеа со децата на припадниците и припадничките  на  Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во касарната Илинден и со децата на припадниците на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Како што информираат од МВР, Спасовски и Бојмацалиев изразиле благодарност и почит кон храбрите припадници  и припаднички на специјалните сили, кои секојдневно неуморно работат за да ги зачуваат мирот и нашата  безбедност.

-Децата се нашата иднина и нашата најголема радост. Посакувам здравје, среќа и многу успеси на нивните родители кои се суштински столб на полициското работење. Нека овој новогодишен настан биде симбол на нашата заедничка надеж и ангажман за подобро утре. Заедно, солидарни и со меѓусебна поддршка, можеме да градиме подобро општество и посветла иднина за сите, рече Спасовски.

Бојмацалиев ја истакнал важноста на извршувањето на професионалните секојдневни задачи со цел заштита на граѓаните.

-Ова раководство на МВР во своите стратешки определби се одликува со постојана грижа за луѓето професионалци, непоколебливи и  решителни во извршувањето на професионалните  секојдневни задачи, посветени на една повисока цел - заштита на заедницата,  сигурноста и безбедноста на сите граѓани, истакна Бојмацалиев. свс/мд/

Фото: МВР

Остани поврзан