• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски - Катинов: Високо оценети односите меѓу Сверна Македонија и Бугарија

Спасовски - Катинов: Високо оценети односите меѓу Сверна Македонија и Бугарија
Охрид, 25 ноември 2022 (МИА) - Односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во областа на внатрешните работи биле високо оценети од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и бугарскиот заменик министер за внатрешни работи Венцислав Катинов, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Двајцата соговорници, кои присуствуваа на демонстрација на заедничка вежба на специјалните антитерористички единици од двете држави оствариле и работен ручек, на кој изразиле уверување дека активниот и отворен дијалог ќе продолжи и ќе се надградува и во иднина. Според соопштението на МВР, заменик-министерот Катинов истакнал дека е потребна поактивна и поефикасна соработка меѓу двете земји во сите области, како што се безбедноста на границите, борбата против различните форми на прекуграничен организиран криминал, борбата против тероризмот и за други прашања од заеднички интерес. Министерот Спасовски истакнал дека како две блиски соседни земји со меѓусебна соработка на оперативно ниво, јасно се докажува посветеноста и заедничкиот интерес за нејзино промовирање и континуирано интензивирање. Според него, должноста, како челници на Министерствата за внатрешни работи на двете земји, не е само да го одржуваат постојното ниво, туку уште повеќе да придонесат како во развојот на професионалното достоинство и интегритетот на полициите на двете земји, така и во нивната модернизација, материјално-техничкото опремување и надградба, да ги следат новите трендови и барања што таа специфична полициска служба ги наметнува како неопходни за успешно и непречено функционирање. - Како резултат на првата заедничка обука и вежба, произлезе и денешната, во рамки на која специјалните антитерористички единици од двете земји уште еднаш ја потврдија својата подготвеност да одговорат на секакви предизвици, стручноста и професионалноста, но и заедничкиот интерес за натамошно унапредување и доусовршување на вештините кои се неопходно потребни за реализирање на своите секојдневни работни задачи, а со тоа и за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на двете земји, исталнал Спасовки, се наведува во соопштението. Специјалната антитерористичка единица – Тигар при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, според него, претставува една од стожерните полициски формации и наша гордост како престижна, кредибилна и крајно професионализирана полициска организациона единица. - Во комбинација со претставниците на Одделот за воздухопловни единици на Министерството, и генерално со претставниците на Одделот за специјални полициски операции, тие се во секојдневен костец за да се справат со комплексните безбедносни предизвици и пример за самопрегор, лична храброст и пожртвуваност, посочил Спасовски. На крајот од работниот ручек, министерот Спасовски нагласил дека денешната вежба ХАРПУН 2022 е уште еден показател за покажување на проактивност и посветеност во борбата против тероризмот, заедно со партнерите од Бугарија, како уште една добра порака на пријателство, соработка и партнерство. сс/цр

Остани поврзан