• петок, 05 декември 2025

Спасовски за законот за Кочани: Мора да покажеме солидарност со родителите

Спасовски за законот за Кочани: Мора да покажеме солидарност со родителите

Скопје, 10 мај 2025

Предлог-законот за поддршка на настраданите од трагедијата во Кочани и за членовите на нивните семејства го поднесовме затоа што сметаме дека мора да се покаже солидарност и да им се даде поддршка, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.

Тој појасни дека станува збор за законско решение што ќе ги дефинира сите форми на поддршка – здравствена, социјална, психосоцијална и друга.

„Во вакви моменти мора да покажеме солидарност, визија и да им дадеме до знаење на граѓаните дека имаат на кого да се потпрат“, рече Спасовски и повика на заемна соработка на сите политички партии за да се усвои ова законско решение.

Спасовски се осврна и на истрагата за трагедијата која треба да биде транспарентна и неселективна и да лоцира одговорност кај сите.

„Обвинителството треба да ја води истрагата, а МВР треба да соработува и да ги преземе сите потребни активности. Очекуваме транспарентна и неселективна истрага и одговорност за сите инволвирани“, истакна Спасовски.

Тој додаде дека за жал и по несреќата се бележат негативни безбедносни трендови, инциденти и институционални пропусти, потенцирајќи дека граѓаните очекуваат системски промени.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан