• петок, 22 ноември 2024

Спасовски во посета на Берово и Крива Паланка

Спасовски во посета на Берово и Крива Паланка

Скопје, 28 август 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во посета на Берово и на Крива Паланка. 

На покана на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, беше во посета на Берово каде го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица“  и беше пречекан од игуменот на манастирот, отец Фотиј Беровски.

Претходно, присуствуваше и на одбележувањето на Денот на рударите во Крива Паланка.

Министерот Спасовски денеска упати и честитка по повод големиот христијански празник во која порача сите заедно да го изодиме патот кон иднината, онаму кадешто припаѓаме, во европското семејство. 

- Овој празник на Божјата Мајка говори за нејзината чистота, сила и верба во Спасението Господово, бидејќи таа, завршувајќи го земниот живот на ваков најсвет начин, била преземена со душа и тело во небесна слава. Таа е вечно жива, бидејќи ни го донела Христа, а преку него и бескрајното спасение на човековиот род. Нека добрите дела, љубовта и радоста бидат дел од нашето секојдневие, напиша Спасовски. сх/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан