• петок, 22 ноември 2024

Спасовски: 30 години од приемот на државата во ООН, поставивме пример за другите дека со разбирање и толеранција можат да се решат најгорливите прашања

Спасовски: 30 години од приемот на државата во ООН, поставивме пример за другите дека со разбирање и толеранција можат да се решат најгорливите прашања

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Денеска, на 8 април, се одбележуваат 30 години од приемот на нашата држава во Организацијата на Обединети Нации, под привремената референца "Поранешна Југословенска Република Македонија". Денес одбележуваме 30 години полноправно членство во ООН како Република Северна Македонија. Поставивме пример за другите дека преку меѓународна соработка и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници, објави на фејсбук, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој во неговата објава вели дека државата активно ја развива регионалната соработка во функција на мирот, безбедноста и просперитетот на сите граѓани во регионот.

Спасовски го спомнува и приемниот говор во ОН на претседателот Глигоров, кој ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика.

- Тој истакна дека со самостојноста и членството во ОН "се круниса повеќевековниот стремеж на македонскиот народ и неговата 130-годишна борба за слобода и независна држава". Воедно, тој кажа и дека "за нас највисока цел претставува остварувањето на човековите права и особено на правата на националностите и етничките групи што живеат во Република Македонија. Таа денес е татковина на македонскиот народ, на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите... Во тој дух ќе го јакнеме Балканот на добрососедство и на пријателство", напиша Спасовски.

Тој ги потсети зборовите на поранешниот претседател Глигоров кој вели; "Република Македонија сака и е подготвена да го даде својот придонес во решавањето на меѓународните конфликти во согласност со резолуциите на Советот за безбедност, во интерес на мирот и на безбедноста".

- Денес, кога сме 30та земја членка на НАТО, рамноправно ќе го даваме нашиот придонес заедно со нашите сојузници во најмоќната политичка и воена алијанса во историјата на човештвото за одржување на безбедноста и мирот во светот. Воедно, Глигоров ја посочи и втората цел, "Република Македонија како европска држава се стреми да стане член на Заедницата на европските народи", посочува министерот Спасовски.

И оваа стратешка цел, додава министерот, од интерес за сите наши граѓани ја остваруваме, во преговори сме со ЕУ за полноправно членство, силно посветени во градењето на Европска Македонија. сх/аа/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан