• петок, 22 ноември 2024

Во првите два месеца од оваа година има двојно намалување на сообраќајните несреќи со жртви

Во првите два месеца од оваа година има двојно намалување на сообраќајните несреќи со жртви

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Во јануари оваа година на подрачјето на СВР Скопје за 20 проценти се намалени сообраќајните незгоди со потешки последици, во споредба со јануари минатата година. Во првите два месеци од 2023 година, бележиме двојно намалување на сообраќајните незгоди со жртви. Сега имаме три, споредбено со минатата година за истиот период, кога сме имале шест жртви, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Статистички, како што посочи, брзото возење е најголема причина за сообраќајните незгоди со смртни последици.

Спасовски, кој вечерва во Чаир ги посети полициските службеници кои работат на терен во овој дел од градот, информираше дека во текот на 2023 година на подрачјето на СВР Скопје, во месеците јануари и февруари, за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 1.815 возачи.

Исто така, во првите два месеци од 2023 година санкционирани се 394 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

-Вечер сме овде во Чаир да видиме во какви услови работат полициските службеници, да поразговараме со нив во однос на работењето, заради тоа што безбедноста во сообраќајот е наш врвен приоритет. Овие активности ќе ги продолжиме во континуитет, не само во делот на сообраќајот, туку и по други оперативни акции кои ги работиме. Ова раководство на МВР во континуитет заедно со полициските службеници прави напори да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се намалат сообраќајните незгоди, да се намалат последиците од смрт во делот на сообраќајните незгоди или потешки телесни повреди и создавање на материјални штети. За ова беше потребно да се јакне и човечкиот капацитет но и да се јакне техничката опременост на полициските служби, рече Спасовски.

Тој додаде дека во 2017 година имало седум радари за мерење на брзината на движење на возилата, осум етилометри или дрегери, а во овој момент има 144 радари кои се користат за безбедноста во сообраќајот и притоа, како што рече, првпат од независноста на државата, имаат 55 уреди кои се за ноќно снимање, за да може и во текот на ноќта да бидат контролирани возачите .

Додаде дека има повеќе од 50 етилометри или дрегери за мерење на алкохолот во крвта.

-Ваквите контроли ќе бидат во континуитет.. Апелирам до граѓаните да се придружуваат до собраќајните правила и прописи, додаде министерот за внатрешни работи.бт/са/

Остани поврзан