• сабота, 16 ноември 2024

Спасовски: Во кривичната пријава за убиството на Вања и Панче се опфатени пет лица

Спасовски: Во кривичната пријава за убиството на Вања и Панче се опфатени пет лица

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) – Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на вечерашната прес-конференција во МВР кажа дека во кривичната пријава за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се опфатени пет лица.

- Опфатени се пет лица, еден за „грабнување“ и „убиство“ тројца за „грабнување“ и „соизвршителство при убиство“ и еден за „помагање при грабнување“, појасни министерот. 

Денот на полицијата претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа, п

Кривичната пријава, како што кажа, е изготвена на повеќе од 100 страници и е предадена во Јавното обвинителство.

Во случајот се осомничени Љупчо Палевски – Палчо кој вечерва, како што соопшти министерот, е уапсен во Турција и неговите сопартијци, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна. Осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на Вања е и нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски. ар/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан