• понеделник, 18 ноември 2024

Спасовски: Ако секој од политичарите ги кажува јасно ставовите, државата ќе оди напред

Спасовски: Ако секој од политичарите ги кажува јасно ставовите, државата ќе оди напред

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Јас сум политичар кој јасно и гласно го кажал својот став. Ако секој од политичарите има одговорност и ги кажува јасно ставовите, тогаш државата ќе оди напред, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски околу Законот за амнестија.

Спасовски посочи дека многу пати сакал да чуе ставови од Мицкоски како лидер на опозицијата.

-Бесмислено е да коментирам изјави на политички лидери. Јас многу пати сакав да чујам ставови од Мицкоски како лидер на опозиција за многу прашања, но се уште за жал не можеме да чуеме ставови и воопшто не ми е чудно што тој не може да разбере кога одреден политичар има свој став, рече вечерва Спасовски, во одговор на новинарско прашање при посетата на полициските службеници кои работат на терен кај ТЦ Бисер.

Коментирајќи ја изјавата на Спасовски од саботата дека во моментот не е потребно носење на Закон за амнестија, Мицкоски во изјава за медиумите, денеска рече дека „министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да ја напушти Владата доколку не се согласува со носење на законот за амнестија“. бт/аа/

фото: МИА

Остани поврзан