• понеделник, 23 декември 2024

Спасеновски: Следниот медал ќе биде златен

Спасеновски: Следниот медал ќе биде златен
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) – Македонскиот каратист Петар Спасеновски кој освои бронзен медал на неодамнешното Европското првенство во Газиантеп, Турција, е оптимист дека на следното големо натпреварување може да освои злато. - Следниот медал ќе биде златен. На ЕП во Турција забележав четири победи од пет борби. Ова е само едно искуство за во иднина да освојам што повеќе медали. Благодарност на моите тренери и мојот клуб Макетрол кои стојат зад мене, изјави Спасеновски. Тој денес беше во Агенцијата за млади и спорт и доби благодарница од директорот Наумче Мојсовски. - Каратистите дефинитивно ја претставија Македонија во најдобро светло на Европското првенство во Турција. Резултатите покажуваат дека има иднина во младите натпреварувачи, а Карате федерацијата дека е на прав пат. Се надевам на уште многу медали, а секако Агенцијата за млади и спорт ќе знае да ги награди ваквите успеси, рече Мојсовски. Спасеновски и Вероника Костовска која освои петто место ќе добијат стипендии од Агенцијата за млади и спорт. зс/

Остани поврзан