• понеделник, 23 декември 2024

Спасеновски: Со менување на државниот грб би можела да се придобие ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Спасеновски: Со менување на државниот грб би можела да се придобие ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Скопје, 19 април 2023 (МИА) - Универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски смета дека можеби враќањето на старата дебата од 2014-2015 година за менување на актуелниот државен грб е еден од начините како да се овозможи земање предвид на интересите и заложбите на најголемиот дел од конзервативниот дел од државата, но истовремено да се најде начин како резултат на таквата отстапка да се дискутира со опозицијата и да се обезбеди нејзина согласност околу текстот на уставните измени.  

Според професорот Спасеновски, оваа измена би била во светло на декларираната заложба на Владата за унапредување на единството. 

Во вестите на ТВ Сител професорот Спасеновски истакна дека можеби треба да се размислува за предлогот за црвен лав на жолта позадина со пет кули, кој во 2014 за државен грб го предложи тогашната Влада на ВМРО ДПМНЕ, а доби и позитивна оценка од ДУИ, но не помина во Собранието. 

Тој истакна дека причината поради која ДУИ тогаш го прифати предлогот е дека грбот на многу стари албански семејства исто така е лав, како и грбот на градот Тирана, додека круната е и општ симбол за скопското Кале.

Според професорот Спасеновски, во општеството нема рационална дебата околу уставните измени, а најавите дека покрај вметнувањето на неколку заедници во уставната Преамбула, можни се и други амандмани на Уставот, ја зголемува скепската и кај граѓаните и кај експертите.

- Чувството на најголемиот дел од граѓаните на оваа држава, особено на Македонците, е дека нешто неправедно им се одзема и се тераат да направат нешто со кое тие губат дел од нивниот супстрат во рамки на највисокиот правен акт на државата, оцени Спасеновски. ев/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан