• вторник, 24 декември 2024

Спасени членовите на екипажот на двата танкера што се судрија во близина на Сингапур

Спасени членовите на екипажот на двата танкера што се судрија во близина на Сингапур

Лондон, 19 јули 2024 (МИА) - Двајца членови на екипажот се префрлени во болница, а остатокот од екипажот е спасен со чамци за спасување откако денеска се судрија два танкера кај брегот на Сингапур.

Сингапурскиот танкер „Hafnia Nile“ и танкерот „Ceres I“ се лоцирани на околу 55 километри североисточно од островот Педро Бранко во Сингапур, објави Поморската и пристанишната управа на Сингапур (MPA), пренесуваат британските медиуми.

Се уште не е позната точната причина за несреќата. Поморскиот сообраќај не е засегнат, изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација.

Танкерот „Hafnia Nile“ носел околу 300.000 барели нафта, а „Ceres I“ околу два милиони. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан