• петок, 22 ноември 2024

Спасени сите мигранти од бродот на Бенкси

Спасени сите мигранти од бродот на Бенкси
Рим, 30 август 2020 (МИА) – Бродот за спасување чии активности ги финансира британски уличен уметник познат под псевдонимот Бенкси, на Твитер соопшти дека повеќе „нема гости“ откако се спасени сите мигранти кои претходно ги извлече од водите на Медитеранот. Бродот „Луис Мишел“, именуван по една француска анархофеминистка, претходно упати итни повици за помош и во објави на Твитер членовите на екипажот предупредуваа дека бродот е преоптоварен поради големиот број мигранти кои се наоѓаат на него. Италијанската крајбрежна вчера попладне соопшти дека одговорила на повикот за помош на бродот за спасување, и од него евакуирала 49 мигранти. – Со оглед на опасната ситуација, крајбрежната стража испрати патролен брод од островот Лампедуза, кој зема 49 лица во најлоша состојба – 32 жени, 13 деца и четворица мажи, се вели во соопштението на крајбрежната стража. И посадата на бродот „Луис Мишел“ на Твитер потврди дека италијанската крајбрежна стража евакуирала 49 најранливи мигранти. – Тие исто така го однесоа и телото на починатото лице кое починало пред екипажот вчера да стигне до погодениот гумен чамец. Нека почива во мир, се вели во Твитот на „Луис Мишел“. Спасувачкиот брод Си Воч 4 (SeaWatch4) подоцна соопшти дека ќе му помогне на „Луис Мишел“ откако италијанската крабрејжна стража дала до знаење дека нема намера да земе повеќе мигранти. Според последниот твит на посадата на „Луис Мишел“, 350 луѓе сега се на бродот Си Воч 4, меѓу кои и околу 150 спасени од бродот на Бенкси, и чекаат безбедно прибежиште. - Но борбата за преживеани не запира. СОЛАС (Меѓународната конвенција за безбедност на животот на море н.з.) ве обврзува да спасувате на море. Отворете ги пристаништата веднаш, повикува екипажот на Твитер. јт/

Остани поврзан