• понеделник, 04 ноември 2024

Со 13 милиони денари ќе се подобрува водоснабдувањето во населбата Железара

Со 13 милиони денари ќе се подобрува водоснабдувањето во населбата Железара
Скопје, 14 април 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција и дислокација на постојната водоводна мрежа во потегот од резервоарот Гази Баба до приклучокот на улицата „Тајмишка“. - Со реконструкцијата на водоводната мрежа во три фази се решава долгодишен проблем во овој дел од градот и се обезбедува поквалитетно водоснабдување за жителите во населба Железара во општина Гази Баба. Реализацијата на овој проект изнесува околу 13,5 милиони денари, истакна градоначалничката Арсовска. Директорот Перински рече дека од резервоарот Гази Баба се снабдува со вода т.н. висока зона со која се опфатени териториите на општините Чаир и Гази Баба, и цевковод Ф-250, кој поминува по траса која е непристапна за интервенции при појава на дефекти на истата. Посочи дека зачестените дефекти на цевководот Ф-250 во изминатиот период ја наметнаа потребата за реконструкција и дислокација на истиот. Како што информираат од прес-службата ан Град Скопје, на терен се реализираат градежните активности од прва фаза или крак 1 за реконструкција на постојната водоводна мрежа на потегот од резервоар Гази Баба до приклучокот на улицата Тајмишка. Посочуваат дека со реализацијата на првата фаза ќе се создадат услови и за реконструкција и продолжување на цевководот Ф-200 по улица „Душан Тасковиќ“ до приклучок на улица „Коце Металец“ во населба Железара, со што ќе се формира циркулационен тек, што ќе овозможи подобро водоснабдување во овој дел од Скопје. - Реконструкцијата и дислокацијата на водоводнта мрежа во Парк шумата Гази Баба е од големо значење за жителите на Гази Баба, кои со реализацијата на овој проект ќе добијат поквалитетно водоснабдување – истакна градоначалникот Стефковски.фф/лв/

Остани поврзан