• петок, 05 декември 2025

Со промоција на книгата ,,Мајко, камен да беше ќе пукнеше" почна Кавадаречко културно лето

Со промоција на книгата ,,Мајко, камен да беше ќе пукнеше

Кавадарци, 26 јуни 2025 (МИА) - Со промоција на книгата „Мајко, камен да беше ќе пукнеше" од Диме Ристов - Кана, вечерва започна манифестацијата „Кавадаречко културно лето", што ќе трае до крајот на месец август.  Станува збор за автобиографско дело, за животот на едно посвоено дете и предизвиците со кои се соочувало тоа дете и патот низ кој се градела неговата личност низ времето. Издавач на книгата е градската библиотека „Феткин". 

- „Кавадаречко културно лето" е во организација на кавадаречката локална самоуправа, во соработка со сите општински културни институции. Во рамките на манифестацијата се многубројни и различни културни активности, за сите генерации, рече директорот на библиотеката, Петар Гурев. 

Во своето обраќање до присутните, авторот на книгата посочи дека и во оваа, како и во првата книга, во фокусот е мајката, неговата мајка и неговиот живот.

- Родители, размислете што правите, затоа што секогаш децата страдаат најмногу, порача тој. 

Промоцијата се одржа во Домот на културата „Иван Мазов - Климе". 

Првата книга на Диме Ристов - Кана, „Со солзи по патот на судбината" беше промовирана минатата година.свд/бт/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан