• вторник, 24 декември 2024

Со проекција на „Зад стоговите сено", на 13 октомври почнува филмскиот фестивал Киненова

Со проекција на „Зад стоговите сено

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Со филмот „Зад стоговите сено", кој е во грчко-македонска продукција, на 13 октомври ќе се отвори годинешното осмо издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. Фестивалот оваа година ќе се одржува под мотото „Прв филм, осмо сетило", а ќе трае до 18 октомври. 

Наградата за особен придонес во филмската уметност ќе ја добие српскиот актер Бранислав Лечиќ.

Единствениот македонски филм што ќе биде во официјална селекција е филмот „Преекспонирано". 

-Во средина во која не постојат граници или стандарди според кои можеме да се ориентираме што е добро, што е вредно, што заслужува внимание, сметам е потребно посебно сетило или прерцепција, а за ова може да ни помогне филмската уметност, која е моќен медиум, рече на денешната прес-конференција Небојша Јовановиќ, директорот на фестивалот. 

Тој додаде дека во рамките на фестивалот ќе има проекции на филмовии кои внимателно се одбрани и доаѓаат од различни страни на светот.

-Среќен сум со селекцијата на кратките филмови. Имаме филмови од Балканот, од Европа, од светот, додаде Јовановиќ.

Целиот фестивал оваа година ќе се одвива во киносалите на Синеплекс. бт/ев/

ФОТО: МИА

Остани поврзан