• недела, 22 декември 2024

Со посредство на Катар, Русија врати шест украински деца на нивните семејства

Со посредство на Катар, Русија врати шест украински деца на нивните семејства

Киев, 22 мај 2024 (МИА) - Руските власти денеска, со посредство на Катар, врати шест украински деца на нивните роднини, а кои беа држени во Русија.

Шест момчиња на возраст од 6 до 17 години, меѓу кои и двајца браќа, вратени се на семејствата во амбасадата на Катар во Москва во присуство на претставничката на Кремљ задолжена за прашања што се однесуваат на деца, Марија Лвова-Белова.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) води кривична постапка против неа и рускиот претседател Владимир Путин поради депортација на украински деца во Русија. Западот го обвинува Кремљ дека организирал депортација на илјадници малолетници од Украина. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан