• петок, 05 декември 2025

Со одлука на министерот Изет Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

Со одлука на министерот Изет Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

Скопје, 15 септември 2025 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди, се посочува во одлуката на Меџити.

Од МЖСПП појаснуваат дека одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици и дека наредбата стапува на сила веднаш.

Министерот поладнево на брифинг со новинарите информираше дека се дадени наредби за контрола на сите депонии во државата и не регистрирани локации за отпад. бк/сст/

Остани поврзан