• сабота, 16 ноември 2024

Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“

Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вечерва заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.

На самото отворање на манифестацијата, Софиа Насевска-Трифуновска, порача дека вечерва во Музејот на современа уметност „од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина“.

Манифестацијата, како што информираа организаторот, почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата „Т`га за југ“, првпат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова. аа/

Фото: СВП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан