• четврток, 18 јули 2024

„Со книги на плажа“ - традиционална акција на „Матица македонска“

„Со книги на плажа“ - традиционална акција на „Матица македонска“
Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) - Книгоиздателството „Матица македонска“ од денеска до 20 август ќе ја организира традиционалната акција „Со книга на плажа“. Од издавачката куќа посочуваат дека љубителите на книгата и членовите на Клубот „Матица“ ексклузивно ќе имаат убава можност од богатата колекција на изданија да ги збогатат своите библиотеки по исклучително достапни цени. Во годината кога оваа издавачка куќа го прославува својот триесетгодишен јубилеј од основањето, главен акцент е ставен на книгите од македонските автори, како и на најновите бестелери од светски познати автори.бт/дма/

Остани поврзан