• петок, 22 ноември 2024

Со кино проекции на „20 дена во Мариупол“ Бруталиск ја одбележува двегодишнината од руската инвазија врз Украина

Со кино проекции на „20 дена во Мариупол“ Бруталиск ја одбележува двегодишнината од руската инвазија врз Украина

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) – Со серија на кино проекции на годинашниот двократен кандидат за Оскар, „20 дена во Мариупол“, културниот центар „Бруталиск“ во соработка со здружението на Украинци „Лесја Украинка“ од Скопје, ја одбележува двегодишнината од руската инвазија врз Украина.

Документарниот филм ќе биде прикажуван во пет наврати во периодот од 20 до 26 февруари.

Украинскиот двоен кандидат за овогодишните оскари за најдобар документарец и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје „20 дена во Мариупол“ е филм за украински воени репортери од „Асошиејтед прес“, затекнати во опсадата на најнастраданиот и речиси уништен град на истокот на Украина и нивно сведоштво за страдањата на цивилите и херојските подвизи на бранителите на градот. Како последни меѓународни набљудувачи во Мариупол, тие ќе ги снимат ужасните снимки за неговото уништување кои подоцна ќе го обиколат светот и ќе сведочат за злосторствата на руската армија.

Филмот е на Мстислав Чернов, носител на Пулицерова награда од 2023 и претседател на украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиејтед прес“ и „Фронтлајн“.ра/са/

Фото: Бруталиск

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан