Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
- Органиаторите на меѓународниот ракометен турнир Струга 2025 го објавија распоредот на натпреварите за годинашново издание
Струга, 7.август 2025 (МИА) - Организаторите на меѓународниот ракометен турнир Струга 2025 го објавија распоредот на натпреварите за годинашново издание. Честа да се појават пред свеченото отворање ја добија локалните ривали домаќинот Струга и амбициозниот за оваа сезона тим на Охрид. Првиот ден на 13.август (среда) ќе играат уште: Бутел и Радички Крагујевац.
Финалето се игра на 16.август - сабота.
Распоред на натпреварите:
Ден 1 - 13.август (среда):
18:30 часот Струга - Охрид
19:55 часот Свечено отворање
20:40 часот Бутел - Раднички Крагујевац
Ден 2 - 14.август (четврток):
18:30 часот Тиквеш - Раднички
20:40 часот Охрид - Бурса
Ден 3 - 15.август (петок):
18:30 часот Струга - Бурса
20:40 часот Тиквеш - Бутел
Ден 4 - 16.август (сабота):
10:30 часот Натпревар за 5.место
18:30 часот Натпревар за 3.место
20:40 часот Финале
Натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште „Горан Попоски - Бабец“ во Струга. мн/
Фото: Фејсбук Меѓународен ракометен турнир Струга