• петок, 22 ноември 2024

Со дронови нападнати две воени бази во источна Турција

Со дронови нападнати две воени бази во источна Турција

Анкара, 21 мај 2021 (МИА) - Турското Министерство за одбрана соопшти дека турската армија утрово била мета на напади од курдските милитанти.

Со дронови биле нападнати две воени бази во источниот дел на Турција односно Командата за беспилотни воздухопловни системи во провинцијата Батман и Командата на 23. Пешадиска дивизија во провинцијата Ширнак.

Во соопштението на турското Министерство за одбрана се наведува дека при нападите нема жртви, а исто така не е причинета и материјална штета. ми/

Остани поврзан