• петок, 22 ноември 2024

Со дополнителниот капацитет од 400 теста ќе се намали чекањето за тестирање, вели Филипче

Со дополнителниот капацитет од 400 теста ќе се намали чекањето за тестирање, вели Филипче
Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) - На никој не му е ускратено правото да се јави во болничка установа во кој било град и да живее, не само на Инфективната клиника, инфективни оделенија има насекаде. Ние ги зголемивме капацитетите согласно нашиот план, за прераспределба на капацитетите на интернистите и интерните одделнија и насекаде низ држаавата освен во Струга и Куманово, има слободни места. Овв го изјави министерот за здравство Венко Филипче вечерва во гостувањето на „Топ Тема“ на Телма ТВ. Според него, на никој не му е ускратено и правото ако има потреба заради симптоми, во болница тест му се направи брзо. -Точно е дека системот е преоптеретен посебно сега со овој удар и согласно тоа се обезбедија дополнителни термини. Се обезбедија 150 допоолнителни термини во ИЈЗ, а до 250 колегите планираа дека може да обеџзбедат и тоа почна од денеска да функционира. Дополнителни 100 термини има во ЦЈЗ, таму пуштивме  друг микробиолог кој сега ќе работи во втора смена за да се сработи практично двојно поголем број на тестови од тоа то беше до денеска. И се оспособи да работи со посебен пунк лабораторијата во болницата во Козле и таму ќе се прават 100 тестови. Мислам дека тоа е сосема доволно и ова чекање ќе се намали, рече Филипче. На забелешките дека граѓаните мора да патуваат од еден во друг град , од една во друга скопска општина, за да се тестираат, заради паника, но и поради неможноста заради економската состојба да се тестираат во приватни клиники, според Филипче луѓето за тестирање не би требало да се упатуваат далеку од едно до друго место и оти нема место за паника, бидејќи со дополнителниот капацитет за 400 тестирање ќе се намалат чекањата . -На секој кому му е потребна здравстгвена услуга и тестирање може да се јави во најблиската болница и здравствен дом. Болниците комуницираат помеѓу себе и со претставниците на Министерството секојдневно. Ние точно знаеме секое утро и во текот на деноноќието секој ден каде и како се исполнети болничките капацитети и каков тип на пацнети во смисол со каква кклиничка слика се јавуваат во истите. И точно знаеме кои од пациентите  треба да се упатат во места кае има респираторна поддршка, а кои со полесна форма можат да останат во болнички услови па да почекаат да се направи тој тест, затоа што нема итност. Значи на никој не му е ускратено правото да се тестира брзо ако има соодветна индикација за тоа. Меѓутоа и ова чекање и ова движење низ градовите со овој дополнителен капацитет од 400 теста сега навистина ќе спласне и тоа навистина многу брзо, заедно со притикокот кон болничките одделенија заради тоа што се ослободија и дополнителен број кревети, рече Филипче. Во однос на тријажата, односно приемот на пациентите, тој појаснува дека системот е така поставен таа да се прави на две места во Клиничкиот центар на Клиниката за пулмологија на Клиниката за инфективни болести,  и во Градската општа болница „8 Септември“, во Ургентниот центар за примен на Ковид-пациенти, при тоа секогаш, вели, пациентите треба да се јават прво кај матичните лекари кои пак се координирани од четворица лекари специјалисти - постари инфектолози кои не дежураат. Јасно е каде се упатруваат пациентите по консултацијата со матичните лекатри, но лицата кои сепак ќе се упатат на клиниките не се враќаат туку ги прегледуваат докторите во болниците. Тој изрази жалење што Ковид-центрите не успеале досега да ги направат, и целата постапка за модуларните болници доцни, како што рече заради одбивањето на тогашната заменичка министерка за финансии да го потпише заемот од СБ кој беше брза помош за здравствениот систем не само кај нас туку за над 100 земји во светот за зајакнување на капацитетите за да го пресретнат есенскиот бран. -Уште тогаш се очекуваше дека во есенските и зимските месеци ќе има ваков проблем. Не го потпиша заемот и ние не стигнавме да  ги направиме тие ковид-центри. Непосредно по формирање на Владата почна постапката преку СБ, но изгубивме повеќе од 5-6 месеци. Осум пати одговарав на прашања на тогашната заменичка министерка за што би се трошеле парите. Осум пати договарав дека ќе се користат за набавка на кревети, на лекови, за заштитни материјали - класична блокада, појаснува Филипче. Тој додава дека со ковид-центрите ќе се мултиплицираа капацитетите и болниците ќе останеа чисти, затоа пак, пристапиле кон пренамена на интерните оделенија за ковид пацинети. -Ние гледајќи со што се соочувавме направивме план интерните одделнија да ги обезбедиме за ковид-пацинети, интернистите да се вклучат во тоа свесни дека дел од другата патологија ќе се намали која што редовно се работи, не целосно како што беше претходно, заради тоа што системот „Мој термин“ нема да го прекинеме, како што тоа беше неколку месеци кога се одложуваа хроничните случаи. Затоа сме спремни и за такво едно сценарио, затоа што бевме и тогаш свесни дека ќе не блокираат. И во овие услови сме дефинитивно спремни, има сосоема доволно количини на заштитна опрема и на лекови,  и лекари и сестри по системот на ротација. Ние имаме цела листа на лекари интернисти и медицински сестри од цел клинички кои што во кој било момент можат да бидат повикани, вели министерот Филипче. вг/дма/  

Остани поврзан