• сабота, 16 ноември 2024

Со владините мерки цените на основните производи ќе се намалат до 10 отсто, најави Ковачевски 

Со владините мерки цените на основните производи ќе се намалат до 10 отсто, најави Ковачевски 
Прилеп, 28 октомври 2022 (МИА) - Власта не бега од предизвиците, туку е посветена на нивно решавање, да не страда народот и да не трпат компаниите и со новите мерки што ќе се преземат очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10 отсто, изјави вечерва во Прилеп, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“. Тој потенцирале дека уште во првите денови од неговиот мандат минималната плата беше покачена на 18.000 денари, што е двојно повеќе отколку минималната плата во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога изнесуваше под 9.000 денари. - По новата методологија пензиите за шест месеци ги зголемивме за рекордни 10 отсто. Следното зголемување кое се очекува да изнесува повторно околу шест отсто ќе се случи во март 2023 година, со што за една година ќе имаме вкупно покачување на пензиите за 16 отсто, додаде претседателот на СДСМ. Тој најави дека во претстојниве четири месеци финансиски ќе бидат помогнати над 200.000 граѓани. Тој потенцира дека неговата визија е изградба на економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. - Мојот концепт е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во Брисел, рамноправни и побогати од денеска. Знам дека патот кон ЕУ нема да биде лесен. Но, на крајот од тој пат е големата награда. Со крената глава, горди и достоинствени да бидеме дел од Европската унија, рече Ковачевски. https://www.youtube.com/watch?v=B25k-_VTVQc

Остани поврзан