• сабота, 16 ноември 2024

Со Би-Би-Си ќе раководи поранешниот банкар на „Голдман Сакс“, Шарп

Со Би-Би-Си ќе раководи поранешниот банкар на „Голдман Сакс“, Шарп
Лондон, 6 јануари 2021 (МИА) - Ричард Шарп, поранешен банкар во „Голдман Сакс“ ќе биде именуван за нов претседател на британскиот јавен сервис Би-Би-Си, објави денеска телевизијата Скај њуз. Шарп доаѓа на местоот на Дејвид Клементи, поранешен заменик гувернер во Банка на Англија, кој заминува од функцијата следниот месец по четиригодишниот мандат. Шарп до неодамна беше и советник на британскиот министер за финансии Риши Сунак. Новиот претседател доаѓа на чело на Би-Би-Си во момент кога јавниот сервис се соочува со една од најголемите закани откако е формиран јавниот сервис пред 98 години, а тоа е неговото финансирање и гледаноста. Претседателот на Би-Би-Си официјално го именува кралицата на предлог на Владата, а одговорен за зачувување и заштита на независноста. Јавниот сервис се финансира преку задолжителната претплата од граѓаните. И конзервативативците и лабуристите го обвинуваат Би-Би-Си за пристраснот. Анализата и предлогот за финансирање на британскиот јавен сервис треба да биде подготвена до 2022 година, кога треба да се обнови и кралската повелба за Би-Би-Си во периодот до 2027 година. ми/

Остани поврзан