Со Априлскиот коњички урнир денес ќе биде отворена сезоната 2023
- Во организација на Федерацијата за коњички спорт и клубот Анималс, денес со Априлскиот турнир ќе биде отворена новата натпреварувачка сезона во овој спорт.
![Со Априлскиот коњички урнир денес ќе биде отворена сезоната 2023](https://new.mia.mk/images/20230429073312_big_730x400_91.webp )
Скопје, 29 април 2023 (МИА) – Во организација на Федерацијата за коњички спорт и клубот Анималс, денес со Априлскиот турнир ќе биде отворена новата натпреварувачка сезона во овој спорт.
Воедно, ќе биде одржано и 1. коло од Отвореното лига првенство.
На програмата се три натпревари во прескокнување пречки со висина од 0,7 – 1,3 метри.
Натпреварите ќе се одржат на теренот на КК Анималс во скопско Идризово со почеток во 11 часот. зс/