• сабота, 23 ноември 2024

Сојуз на борци од НОАВМ: Погодени сме што се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна

Сојуз на борци од НОАВМ: Погодени сме што се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна
Скопје, 26 ноември 2020 - Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и членовите продолжувачи е изненаден од неодмерените квалификации на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто дадено на бугарски медиум. Како учесници во најсветлиот дострел на вековната борба на македонскиот народ за своја слобода – НОБ, се чувствуваме навредени од омаловажувањето на нашата борба. Погодени сме што со тоа се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна. Очекуваме премиерот да се огради од изнесените свои ставови. СОЈУЗ НА БОРЦИ ОД НОАВМ 1941-1945 И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ _______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан