• четврток, 26 декември 2024

Сочувство од Совет на амбасадори за смртта на академик Луан Старова

Сочувство од Совет на амбасадори за смртта на академик Луан Старова
Скопје, 25 февруари 2022 Советот на амбасасдори со големо жалење ја прими веста за заминувањето на нашиот колега и голем поддржувач, длабоко почитуваниот Луан Старова. Писател со завиден опус на романи, книги за дел од неговиот творечки во дипломатијата, есеи осврти на се она што значи живот во неговото семејно опкружување , остроумно и темелно согледување на Балканот. Замина несомнено голем хуманист и космоплит. Од првите моменти кога го оснивавме Севетот на амбасаадори со големо одушевување ја поздрави идејата и ја прифати поканата за членство, напоменувајќи дека не ќе може од повеќе причини да доаѓа на состаноци, но, нагласи, секогаш ќе бидам со вас. Учествуваше на неколку активности со француски параламнетарци и активисти од ЕУ. Се среќававме повремено на разни конференции во МАНУ. Бевме горди дека тој како академик , универзитетски професор поет, есеист, преведувач, беше и наш колега како поранешен амбасадор . Во 1985 година Луан Старова беше вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис и истовремено и прв амбасадор во Палестинската Држава. Во 1994 беше именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Дел од неговите книги беа посветени токму и на овој дел од неговиот плоден придонес во дипломатијата. Големиот Луан Старова само физички замина а неговите дела остануваат како сведоштво и паткоказ за младите генерации и идни дипломати. Совет на амбасадори ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан