• понеделник, 23 декември 2024

Софтверот „Предатор“ во институциите не се користи, вели Ковачевски

Софтверот „Предатор“ во институциите не се користи, вели Ковачевски

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Софтверот „Предатор“ во институциите не се користи, истакна попладнево премиерот Димитар Ковачевски во Собранието, на седницата посветена на пратенички прашања. 

- Врз основа на писмени документи од Агенцијата за национална безбедност и од Оперативно-техничка агенција (ОТА) како Кабинет бевме информирани дека софтверот „Предатор“ во институциите не се користи, рече Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.  

Премиерот посочи дека ОТА е воведена во земјава по, како што рече, историскиот најголем скандал со прислушувањето. Потсети на нејзините законски активности и додаде оти изборот на нејзиниот менаџмент се прави од Собранието, со двотретинско мнозинство, а не од Владата.

Ковачевски информира дека по барање на Комисијата за следење комуникации, Обвинителството веќе постапува за, како што рече, да може да ги собере сите податоци изнесени како дилеми од страна на пратениците, членови на Комисијата. 

- Граѓаните можат да бидат мирни од аспект какви системи користат официјалните институции во државата, нагласи премиерот Ковачевски. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан