• петок, 22 ноември 2024

Состојбата на Украина и релациите со Европската Унија беа главни теми на вториот работен ден на 70. пленарен состанок на КОСАК

Состојбата на Украина и релациите со Европската Унија беа главни теми на вториот работен ден на 70. пленарен состанок на КОСАК

Скопје, 28 ноември 2023

Во текот на вториот работен ден на 70. пленарен состанок на Конференцијата на комисиите за европски прашања на парламентите на земјите-членки на Европската Унија (КОСАК) се дебатираше за состојбата на Украина и релациите со Европската Унија, на кој учествува Делегацијата на Комисијата за европски прашања во состав, Арбер Адеми, претседател на Комисијата, Благица Ласовска и Санела Шкријељ, членки на Комисијата.

На оваа сесија се обратија адмирал Хуан Франциско Мартинез Нуњез, генерален секретар за одбранбена политика, Џулиомариа Терзи ди Сантаагата, претседател на Комисијата за политики на ЕУ на Сенатот на Република Италија, потоа следеше обраќање на Ивана Климпуш - Цинцадзе, претседателка на Комисијата за интеграција на Украина во Европската унија на Врховната Рада на Украина.

Имено на оваа сесија посветена на Украина, се истакна дека Европската комисија ја објави својата оценка за состојбата на напредокот на Украина и предложи отворање пристапни преговори со Украина, што се очекува да биде потврдено во средината на декември на самитот на ЕУ во Брисел.

На оваа тема, свое обраќање имаше и претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, кој истакна дека руската инвазија на Украина длабоко ја трансформира Европа. ЕУ се соочува со предизвикот за спроведување на мерки без преседан во повеќе области на политиката, додаде Адеми. Тој посочи дека Република Северна Македонија се залага за почитување на принципите на меѓународното јавно право и принципите на суверенитет и територијален интегритет на земјите - членки на ОН. Република Северна Македонија ја осуди руската инвазија на Украина и навистина жали за страдањата на Украина и нејзиниот народ.

Адеми подвлече дека ги поддржуваме аспирациите на Украина за влез во ЕУ, но ги повикa европските претставници да не заборават да ги ценат напорите на Северна Македонија бидејќи нашата економија, култура и историја се во темелите на Европа, географски сме во нејзиниот центар и како нација припаѓаме на европскоте семејството. Тој истакна дека се надева дека ЕУ успешно ќе ги реши предизвиците со кои се соочува и дека политиката на проширување нема да биде доведена во прашање.

Фото: Комисија за европски прашања 

КОМИСИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан