• сабота, 16 ноември 2024

Состојбата на повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад се уште е тешка

Состојбата на повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад се уште е тешка

Белград, 15 ноември 2024 (МИА) - Лекарите од Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина соопштија дека како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, повредени се три лица, во тешка општа состојба и дека сега се развиваат секундарни компликации, објави денеска РТС.

Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Досега во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад се сослушани 66 лица. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан