• понеделник, 23 декември 2024

Соработничката на Епстин, Гислејн Максвел осудена на 20 години затвор

Соработничката на Епстин, Гислејн Максвел осудена на 20 години затвор
Њујорк, 29 јуни 2022 (МИА) - Гислејн Максвел вчера во Њујорк беше осудена на 20 години затвор за помагање на покојниот обесчестен финансиер Џефри Епстин, кој сексуално злоставуваше девојки. Казната, изречена во Федералниот суд на Менхетен, значи дека 60-годината осуденичка ќе мине поголем дел од својот живот во затвор. Ќерката на покојниот британски медиумски магнат Роберт Максвел, која се школувала на Оксфорд, беше осудена на крајот на минатата година по пет од шест точки од обвинението, меѓу кои и онаа за сексуална трговија со малолетници. Нејзините адвокати побараа од Судот да биде попустлив, наведувајќи го „тешкото, трауматично детство со доминантен, нарцисоиден и познат татко“ и тврдејќи дека Максвел била неправедно казнета затоа што Епстин избегнал судење. Одбраната се залагаше за најмногу пет години, додека обвинителите бараа од 30 до 55 години затвор. За време на судењето кон крајот на 2021 година, обвинителите успешно докажаа дека таа е „клучот“ во планот на Епстин да заведува млади девојки кои потоа ќе бидат сексуално злоупотребени. Џефри Епстин се самоуби во притвор во 2019 година на 66-годишна возраст додека го чекаше судењето во Њујорк.  си/сд/

Остани поврзан