• петок, 22 ноември 2024

Сопствениците на приватни шуми и имоти од Малешевијата на мирен штрајк

Сопствениците на приватни шуми и имоти од Малешевијата на мирен штрајк
Берово, 12 април 2022 (МИА) - Сопствениците на приватни шуми и имоти од Малешевијата, за в четврток во Берово најавуваат мирен штрајк со цел решавање на ситуацијата со нивните приватни недвижни имоти кои се наоѓаат во делот на заштитеното подрачје „Малешево“. Одлуката да започнат штрајк како што истакнаа организаторите се должи поради фактот што извесен период не можат да ги извршуваат своите работи, со што како што посочуваат се доведува до прашање егистенцијата на околу 1500 вработени во Малешевијата. -И покрај многуте состаноци и ветувања од локалните и државните власти за решавање на нашиот проблем, не наидовме на слух од надлежните, па затоа ги повикуваме сите граѓани на Општина Берово кои имаат недвижен приватен имот во заштитеното подрачје „Малешево“ да излезат на мирниот протест во четврток на 14 април 2022 (пред просториите на ЈП ,,Македонски шуми") и да дадат поддршка за во остварување на нашите цели, истакнаа организаторите во поканата за овој настан. За да се заштити сопственоста на недвижниот приватен имот во заштитеното подрачје Малешево, на мирниот протест, како што посочија ќе биде побарано да се поништи одлуката донесена од Владата за заштитено подрачје врз приватните имоти на Беровчани. Како луѓе кои долги години егзистираат со обработка на дрво од нивните приватни имоти и обработливи земјоделски површини, додадоа дека не се противат на заштитата на природата, туку нивното несогласување е против заштитата на нивните имоти кои се наоѓаат во заштитеното подрачје. -Нашата егзистенција е доведена во прашање. Ние не сме против да се заштити природата, но сме против прогласувањето на заштита врз нашите приватни имоти, бидејќи многу семејства егзистираат и преживуваат од нивните имоти. Ние само си го штитиме правото на сопственост со Уставот на РСМ,  истакнаа сопствениците на приватни шуми. Најавениот протест, како што истакнаа ќе трае се додека не се исполнат нивните барања и спремни се да ги радикализираат протестите и на повисоко ниво. Претходно на 14 Декември, беше усвоена предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел, односно заштитено подрачје во категорија V. Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево со вкупна површина од 11460.89 хектари, во кој спаѓа и голем дел од приватниот имот на граѓани од Малешевијата. вс/аа/

Остани поврзан