• понеделник, 23 декември 2024

Сопругот ја изневерил со 19-годишна, а таа напиша книга за тоа

Сопругот ја изневерил со 19-годишна, а таа напиша книга за тоа
Лос Анџелес, 16 ноември 2021 (МИА) - Писателката Габриела Стоун објави видео на „Тик-ток“ во кое објаснува како дошло до нејзината книга „Јади, моли се, #FML“ (Eat, Pray, #FML), поточно - што се случило кога нејзиниот сопруг ја изневерил со тинејџерка. Таа го почнува видеото гледајќи сериозно во камерата, па продолжува со танц... „Мојот сопруг шест месеци имаше врска со 19-годишна девојка. Видов фотографии од неа на каучот во нашата дневна соба. Тој отишол и на одмор со нејзините родители. Ги лажел и им рекол дека се вика Даниел“, пишува таа врз видеото. Габриела потоа покренала и барање за развод. „Го напишав мојот 'бестселер' - 'Јади, моли се, #FM' и раскажав сѐ... Купив и куќа. А, ликот го нареков Даниел!“, вели таа натаму. Инаку, „#FML“ е кратенка „f**k my life" („е**те животот“). „Ова е претворање на болката во моќ“, „Искрено, застрашувачки е како мажите можат да живеат двоен живот“, - гласат некои од коментарите потоа.  си/ссм/

Остани поврзан