• понеделник, 23 декември 2024

Соопштение од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје за зонско паркирање на територија на општина Карпош

Соопштение од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје за зонско паркирање на територија на општина Карпош

8 март 2024 

Почитувани,

Со оглед на веќе започнатите активности за организирање на зонското паркирање на територијата на Општина Карпош Ве известуваме дека во тек е поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација чија реализација е поврзана со временските прилики. Со воведувањето на организирано паркирање на територија на општината, целта е да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила, а се овозможува паркирање на категориите корисници на претпријатието и корисници за час паркирање.

Заинтересираните корисници согласно категоријата корисник потребно е да ги достават следните документи:

Ø СТАНАР:

1. Станар со адреса на живеење на зоната: Лична карта и сообраќајна дозвола на име на барателот, а адресата на живеење да гравитира на зоната;

Доколку возилото не е на име на барателот, потребно е да се достави полномошно за управување на возилото, со наведено сродство. Право на издавање полномошно имаат сопружници и родител- дете.

2. Станар со договор за закуп: Договор за закуп заверен на нотар, лична карта на барателот- на увид, сообраќајна дозвола на име на барателот или со полномошно за управување, наведено во точка 1. Закупец од договорот за закуп потребно е да биде подносителот на барањето за дозвола за паркирање. Станарската дозвола ќе се издаде во времетраење на договорот за закуп.

3. Станар со лична карта и/или сообраќајна дозвола, во процедура на издавање- барателот потпишува Изјава за промена на лична карта и/или сообраќајна дозвола со рок до 90 дена, а дозволата се издава во наведениот рок.

4. Станар со возило на лизинг- Лична карта, сообраќајна дозвола, копија од Договорот за лизинг, само страна 1, полномошно за управување на возилото издадено од лизинг компанијата.

5. Станар со службено возило- Лична карта на увид, сообраќајна дозвола, потврда за редовоен работен однос, полномошно за управување на возилото. Притоа, седиштето на правното лице да не е идентично со адресата од личната карта на барателот.

6. Станар со возило со странски регистраски таблици- лична карта на увид и сообраќајна дозвола на име на барателот.

На сите корисници од категоријата станар им се овозможува бесплатно паркирање на 2 станарски возила.

Ø ВРАБОТЕН ВО ПРАВЕН СУБЈЕКТ-

Потребно е седиштето или подружницата на правниот субјект каде е вработен барателот, да гравитира кон јавната површина наменета за паркирање и сообраќајната дозвола да е на име на барателот т.е вработениот.

Доколку возилото не е на име на барателот потребно е да се достави соодветно полномошно заверено на нотар т.е

1. Сродство во прва линија: сопружници, родели и деца, или

2. Возило на лизинг- полномошно од лизинг компанијата

Потребни документи за стекнување со дозвола е:

- Решение за тековна состојба за правниот субјект на увид,

- Потврда за редовен работен однос

- Сообраќајна дозвола.

- Возачка дозвола на увид

Ø ПРАВЕН СУБЈЕКТ

Со оваа категорија право на стекнување има секој правен субјект што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона. Притоа, потребни документи се:

- Сообраќајна/и дозвола/и на име на правниот субјект,

- Тековна состојба од Централен регистар заради утврдување на седиштето на правното лице,

- Барање на меморандум со наведен список на сообраќајни дозволи од возилата.

Ø ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

Со оваа категорија право на стекнување има секое физичко лице што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона. Притоа, потребни документи се:

- Лична карта на увид

- Сообраќајна дозвола

За секоја од наведените категории, при доставување на документацијата, задолжително е да се достави уредно пополнета и потпишана форма на образецот Барање-Договор.

Ги повикуваме заинтересираните граѓани уредно да достават Барање со потребните документи во прилог, секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота 09:00-17:00 часот, во канцеларија Карпош, на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3 (во зградата спроти Катастар на РСМ). За повеќе информации, граѓаните може да се обратат на контакт телефоните: 02/ 305 13 24, 02/ 321 55 66 и моб. 070/309 144 и на нашата веб страна: https://www.gradskiparking.com.mk/pocetna.nspx

Исто така, со цел подобра информираност на граѓаните, претпријатието организира „Отворен ден“, на 16.03.2024 (сабота), од 10:00- 14:00 часот, во канцеларија Карпош на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3. Ги очекуваме сите граѓани на кои им се потребни дополнителни информации околу условите за паркирање и услугите кои ги нуди претпријатието.

ЈП „Градски паркинг“- Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Фејсбук 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан