• петок, 22 ноември 2024

Соопштение од СПМ за Бледскиот форум

Соопштение од СПМ за  Бледскиот форум

29 август 2023 

Социјалистичката партија на Македонија реагира на несериозните и неодговорни изјави на Ковачевски искажани на Бледскиот форум. Наместо да добие дополнителен мотив од соддржината на августовскиот Бледски договор од 1947 година во заштита на македонските национални и државни интереси тој и понатаму се залажува по недобронамерните и недобрососедски изјави и по нереалните рокови за зачленување на Македонија во ЕУ.
Оттаму, изјавата на францускиот претседател за функционирањето на ЕУ и приоритетот на европските реформи пред проширувањето е спротивно на слушнатите ветувања и наивните очекувања. Таа треба да е отрезнувачка за нелегитимната и се повеќе нелегална и авторитарна македонска власт.


Социјалистичката партија на Македонија смета дека надежите и очекувањата кои власта ги има за 2030 година за зачленување во ЕУ се последица на лошите политички анализи и производ на дилетантската надворешно политичка и дипломатска активност. Загрижувачка е неспособноста на македонската дипломатија со необезбедите информации за француските ставови искажани на годишниот собир на амбасадори.
Меѓу сите досегашни погрешни анализи и проценки со последниов пример се докажува промашеното градење на државната стратегија и позиции, со што се овозможува и јавно бламирање на премиерот.


Социјалистичката партија на Македонија уште еднаш и укажува на македонската јавност на целосното фијаско на евроинтегративниот процес на Македонија за кој единствен виновник е неспособната и апатридна власт на СДС и ДУИ.
Напоменуваме дека на Македонија и е потребно општествено и државно ресетирање. Потребно е запирање на процесот на уставни измени како што и е потребна нова реформска политика и нова стратегија за спроведување на евроинтегративниот процес, поставен на реални основи и на вистински пат кој ќе обезбеди упех, сочувување на достоинството на македонскиот народ и заштита на македонските национални и државни интереси.


Социјалистичката партија на Македонија смета дека за рекомпонирање на македонските политички состојби единственото излезно решение се брзите вонредни парламентарни избори.
Повеќе воопшто не е важно мислењето на Ковачевски или ставот на Ахмети. После седум годишното дивеење со апсолутна власт на СДС и ДУИ, во овие услови единствено важно е мислењето на македонскиот народ и расположението на огромното мнозинство на македонските граѓани кои бараат вонредни избори за крај на агонијата од крадење, измами и предавства.

СПМ 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан