• понеделник, 23 декември 2024

Соопштение од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“- Велес за актуелните случувања во врска со уписот на ученици во прва година во учебната 2024/2025 година

Соопштение од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“- Велес за актуелните случувања во врска со уписот на ученици во прва година во учебната 2024/2025 година

Скопје, 3 април 2024

Спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/25 година, МОН предлага укинување на една паралелка на наставен македонски јазик со што директно го ускратува правото на учениците деветтоодделенци кои следат настава на македонски јазик. Ваквиот предлог доаѓа со цел продолжување на минатогодишното кршење на наставниот процес исклучиво по етничка основа, за политички цели од политички фактори од албанска националност.

Имено, на 29.03.2024 година беше објавен Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во РС Македонија, во кој министерот Јетон Шаќири како потписник на спорниот Конкурс предлага отворање на втора албанска паралелка за сметка на укинатата македонска, иако податоците говорат дека нема реална потреба за тоа.

Во Гимназијата последователно во претходните учебни години се пријавуваат од 25-30 ученици за настава на албански наставен јазик, од кои критериумите за упис во прва година (60 поени) ги исполнуваат од 12-22 ученици. Во учебна 2020/21 се запишале 22 ученика, 2021/22 – 15 ученика, 2022/23 – 17 ученика, додека пак во учебната 2023/24 година се запишале 31 ученик од кои само 20 го исполнуваа условот од 60 поени, а останатите се запишаа по указ на Министерот со што се нанесе неправда кон учениците деветтооделенци кои наставата ја завршија на македонски наставен јазик, конкурираа но им беше ускратено правото на упис со помалку од 60 поени.

Од погоре наведената статистика јасно воочливо е дека нема потреба од втора албанска паралелка, уште помалку од директна интервенција од страна на Министерот Шаќири за спуштање на критериумите единствено по етничка основа, бидејќи токму овие ученици во текот на годината постигнуваат слаби резултати со евидентирани негативни оцени, (ова да се илустрира со оценките на овие 11 ученици, наспроти другите 20 од албанската паралека) со што тенденциозно се прави удар и врз реномето на најстарата Гимназија во Македонија која се наоѓа на врвот на образовните институции во земјата.

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес има вековна педагошка и културно – просветителска традиција во градот, постојано вложувајќи се во младите за градење на напредни генерации. Во таа насока, во доставениот Предлог план од наша страна за прв пат е предвидена една билигвална паралелка која ќе биде поле за натпревар на најдобрите, без разлика на кој наставен јазик (македонски или албански) ја следеле наставата во основното образование.

Следствено на ова, сметаме дека во објавениот Конкурс е нанесена неправда и е неприфатливо решение, поради што Наставничкиот совет на Гимназијата донесе Одлука за исправка и усогласување на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во РС Македонија и усогласување со Предлог план за упис на ученици во учебната 2024/25 во прва година до МОН преку Градоначалник на Општина Велес,

односно во прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес да се запишат 204 ученици во 6 паралелки и тоа:

Ø 4 паралелки со изведување на настава на македонски јазик или 136 ученици со минимум 60 поени

Ø 1 билингвална (македонско – англиска) паралелка или 34 ученици со минимум 60 поени

Ø 1 паралелка со изведување на настава на јазикот на заедницата – албански јазик или 34 ученика со минимум 60 поени

Со цел заштита на интересите на учениците, наставниците и велешката јавност, Гимназијата се обрати писмено до МОН по ова прашање и искрено се надеваме дека ќе преовлада разумот наспроти верска, национална или етничка припадност. Со меѓусебно разбирање и усогласување согласно реалните потреби директно ќе влијаеме на образување и воспитување ученици, идни млади поколенија кои ќе ја развиваат државата во духот на заедништвото и еднакви можности за сите.

 

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан