• понеделник, 23 декември 2024

Соопштение од Независен синдикат на професионални војници СО Скопје

Соопштение од Независен синдикат на професионални војници СО Скопје

26 декември 2023 

Почитувани, Ве известуваме дека Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје поднесе кривична пријава против 10 лица од кои 7 вработени во Министерството за Одбрана , 2 лица од МТСП и едно лице од Централниот регистер на РСМ за кривични дела по член 394,280,380 и 353 од КЗ.

Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје поднесе кривична пријава против 10 лица до ОЈО, од кои 7 познати лица ( ЗП, МИ, ОГ, МС, ИИ, ЈС, АП) и едно НН лице сите вработени во Министерство за Одбрана, за кои постои основано сомнение за кривично дело Злосторничко здружување по член 394 од Кривичниот законик, кривично дело Фалсификување или уништување на деловни книги по член 280 од Кривичниот законик и кривично дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 од Кривичниот законик како и кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од КЗ.

Поднесена е пријава и против три лица од Централниот регистар на РМ (ВД) и Министерството за труд и социјална политика(ВД и МП) за кои има сомнение за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од КЗ.

Сите лица заедно ги направиле кривичните дела со цел да се сопре функционирањето на синдикатот и синдикалните претставници како и да се изманипулира Министерството за одбрана со нивните противзаконски дејствија.

Веќе подолг период се вршат разни притисоци врз синдикатот со цел да не може да делува и да престане да постои, против сите лица кои ги прекршиле законите и направиле кривично дело се поднесени и други кривични пријави.

Објавата е споделена на фејсбук групата на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.

Со почит, 


Претседател на НСПВ СО Скопје 
Александар Насковски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Фејсбук 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан